Деловна соработка Еко-Пак Хит ДОО и Клуб за планинарски спортови Москито 2015 Кочани

 

Со цел активно да делуваат во јакнење на конкурентното деловно опкружување, благосостојба и просперитет, на тој начин што ќе ги насочат своите напори кон поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, потоа во изградба и зајакнување на целта за почиста животна средина и активно учество за исполнување на Националните цели, Еко-Пак Хит ДОО и Клуб за планинарски спортови Москито 2015 Кочани склучија меморандум за деловна соработка.

 

Целта на оваа соработка е подржување на акција од страна на Еко-Пак Хит ДОО Кочани, под мотото За чиста и убава Пониква. За таа цел Еко-Пак Хит донира соодветни помошни материјали за собирање на отпадот од пакување на Пониква. Планинарското друштво Клуб за планинарски спортови Москито 2015 Кочани се обврзува собраниот отпад од пакување соодветно селектиран, да се предаде на понатамошно рециклирање во ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани.