ОБВРСКИ

Според законот, Вашата компанија има обврска да доставува месечни извештаи подготвени врз основа на производствените спецификации и извештајот на продажба за тој месец.

Производствени спецификации 
- Информации за количината на генериран отпад од пакување по производ/артикал.
Месечни извештаи 
- Информации за вкупните вредности на пуштениот отпад од пакување на пазарот во Македонија за сите производи. Извештајот се доставува до 15-ти во месецот, за претходниот месец.
При тоа, во случај на ревизија од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, Вие одговарате за точноста на доставените податоци до ЕКО-ПАК ХИТ ДОО КОЧАНИ. За детално објаснување како се пополнуваат производните спецификации и месечните извештаи, клиентите на ЕКО-ПАК ХИТ ќе можат да се најават на Апликацијата за пополнување на производни спецификации и месечни извештаи, каде на лесен и едноставен начин се пополнуваат овие обрасци. Вашето кориснично име и лозинка ги добивате по потпишување на договор со ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани.

Бруто тежина

Во начинот на водење на евиденција на отпадот од пакување постојат отстапки, дефинирани во Правилникот за формата и содржината на образецот за водење на евиденција, за пооделни категории на производи. Во тој случај во производствената спецификација нето тежината се евидентира со користење на одреден процент од бруто масата на производот. Категориите и процентите, како и примерите за пополнување се следниве:

- Играчки за деца - 10% за пластика и 15% за хартија - Пример

- Садови за домакинство и пример за јадење - 3% за пластика и 7% за хартија - Пример

- Декоративни производи за домаќинство - 5% за пластика и 10% за хартија - Пример

- Училишен прибор - 3% за пластика и 5% за хартија - Пример

- Текстилни производи - 5% за пластика и 10% за хартија - Пример

- Прибор за чистење - 10% за пластика и 5% за хартија - Пример

- Декоративна козметика - 10% за пластика и 10% за хартија - Пример