КОМПАНИЈА СО ЈАСНА ВИЗИЈА

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани е основана на 07.02.2011 и се стекна со Дозвола за постапување со отпад од пакување бр.11-3576/5, издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање на 05.07.2012 година.

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани е непрофитна компанија основана со цел најнапред да се почитуваат законските обврски и да се зачува животната средина.

ЕКО-ПАК ХИТ им гарантира на клиентите одговорно, ефикасно и најповолно менаџирање на нивниот амбалажен отпад, во согласност со нивните законски обврски.

 

ЦЕЛ

Целта на ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани пред се е да ги едуцира граѓаните на Република Македонија како да ја заштитуваат и да се грижат за човековата околина и да бидат директни и активни учесници во процесот на рециклирање на амбалажата која има повеќекратна вредност.

Исто така една од целите на компанијата е да изгради долготрајна и цврста соработка со своите клиенти и со државата и согласно со Европските регулативи - да го минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите нас. Се стремиме кон :

  • Исполнување на целите за употреба и рециклирање согласно барањата на законот член 35 и директивите на Европската Унија од областа на грижата на околината и управувањето со отпадот;
  • Развој и усовршување на системи за разделно собирање на отпадоци од пакување и ширење на територијата на собирање,осигурувајќи повисоко ниво на заштита на животната средина; 
  • Осигурување на општествена поткрепа за разделно собирање и реално вклучување на населението во системот;
  • Мерки за известување на јавноста и крајните корисници.

Во периодот 2012-2017 година ЕКО-ПАК ХИТ ДОО ќе се насочи кон оптимизирање и подобрување на системите за собирање и сортирање на отпадоци од пакување за достигнување на количините кои треба да се соберат за да се реализираат целите од член 35 од законот. Основни субјекти преку кои ќе се извршува исполнувањето на целите се :

  • Отпад од пакување генериран од домаќинствата во населените места,села,туристички објекти и хотели;
  • Отпад од пакување генериран од трговски објекти,ресторани и кафе барови;
  • Отпад од пакување од преработувачката индустрија;
  • Отпад од пакување кој се собира во регистрираните отпадни пунктови.

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО зеде учество во Обуката за тајност и заштита на обработката на личните податоци и со цел придржување кон законските одредби, како Контролор на Збирки на Податоци назначи Офицер за заштита на личните податоци, при што во целост ги исполнува одредбите кои се однесуваат на техничките и организациските мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци.

 

 

ПРИДОБИВКИ


Целосно менаџирање на Вашиот амбалажен отпад
Како наши клиенти, ЕКО-ПАК ХИТ ДОО КОЧАНИ, во соработка со  партнери  ќе Ви организира систем за собирање, рециклирање и енергетско искористување на амбалажниот отпад, не оставајќи Ви никакви обврски на Вас.
Собирање преку организирање на систем од контејнери во три бои
Собирањето на отпадоци преку систем од контејнери ќе биде многу користена и приоритетна пракса во работата на „ЕКО-ПАК ХИТ” ДОО. Параметрите на системите за разделно собирање во општините ќе бидат во согласност со веќе постоечки и функционални модели доколку некаде постојат како такви.
Контејнерите, кои ќе бидат користени, вклучуваат:
Контејнери за пластика со обем од  120 л или 240 л со две тркала;

            1 2 3
Сини и  жолти пластични контејнери со  обем од 770 л или 1 100 л со четири тркала и капак комбинирани со зелен контејнер со долно отварање со обем 1000 или 1500 л тип;

     

            4 5 6

Пластични или метални контејнери со долно отварање со обем 1500 л (вкл. контејнерите тип;
           55 555 5555

·  Најповолни цени за менаџирање на Вашиот отпад
Како колективен постапувач со отпад, ЕКО-ПАК ХИТ претставува економски најисплатлива опција за Вашата компанија, со надоместок неколку пати помал од државниот надоместок.