Донации во Општините Зрновци и Чешиново-Облешево

29 Декември 2014 година, пред просториите на Општина Зрновци компанијата „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани оствари уште една од предвидените донации за тековната година. Донацијата е составена од 4 садови за селекција на отпад, од кои 2 за собирање на хартија и 2 за пластика и специјални чевли за работа за вработените во КЈП „Водна кула“ Зрновци. Со оваа донација очекуваме да се подобри сликата за поубаво и почисто Зрновци. Ќе проработи и фабриката за процесирање на отпад,а со тоа соработката со општината продолжува во делот на реализирање на проектот „Интегриран систем за управување со отпад од пакување“. Вредноста на донацијата изнесува 87.000,00 денари.

„Еко-Пак Хит“ донираше 4 садови за селекција на отпад и во Општина Чешиново–Облешево, од кои 2 се наменети за селектирана хартија, а 2 за пластика. Извршено е и брендирање на возилото за комунален отпад на комуналното претпријатие во општината. Донацијата е вредна 88.500,00 денари. Со тоа и оваа општина стана дел од големото семејство на „Еко-Пак Хит“ и се придружи на мотото „Чувар на вашата околина“.

И медиумите беа присутни на настанот Комарец, Телевизија Кочани (Зрновци и Чешиново-Облешево).