Управување со пакување и отпад од пакување – Како до исполнување на националните цели?

Во организација на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија, на 5 декември 2014 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа Конференција на тема: „Управување со пакување и отпад од пакување - Како до исполнување на националните цели?“.

Компанијата за управување со пакување и отпад од пакување ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани се појави како конструктивен учесник на мегународната конференција која имаше за цел да ги идентификува состојбите, проблемите и предизвиците, како и да предложи мерки за сите чинители во процесот на управување со отпад од пакување со цел зголемување на стапките на рециклирање на отпад од пакување и достигнување на националните цели до 2020 година.

На Конференцијата учествуваше и господин Нурхан Изаири, министер за животна средина и просторно планирање во Владата на РМ и водено актуелен претседател на Комисијата за постапување со отпад од пакување.

Законот за управување со пакување и отпад од пакување стапи на сила на 01.01.2011 година и во изминатите три години од неговата примена четирите колективни постапувачи со отпад од пакување, меѓу кои и ЕКО-ПАК ХИТ ДОО, рециклираат околу 25% од пуштениот отпад од страна на нивните членки. Нашите натамошни активности и заложби се во насока на унапредување на процесот на управување со отпад од пакување.

Проследете го видеото за настанот.