Донација во Општина Пробиштип

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани со нова донација продолжува со исполнување на основната мисија да биде ЧУВАР НА ВАШАТА ОКОЛИНА!

 

На ден 22.07.2014 година во Општина Пробиштип е извршено примопредавање на 4 нови садови за селекција на отпад, мрежести контејнери. Донацијата е наменета за поставување на контејнерите низ фрекфентните места во градот, по повод настанот Бели ноќи, кој се одржа на 26, 27 и 28.07.2014 година, а го организираше Општина Пробиштип Се очекува постепено зголемување на бројот на контејнери кои треба да послужат за задоволување на потребите на општината во поглед на собирање и селектирање на отпадот, согласно законот за управување со пакување и отпад од пакување.