Новогодишен конкурс 2012

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани организира Новогодишен награден конкурс за изработка на новогодишна елка од амбалажен отпад. Конкурсот започнува од 03.12.2012 и ќе трае до 25.12.2012. Пријавувањето се врши преку е-маил даден подолу во огласот.        

Право на учество имаат основните училишта, вклучувајќи ги и подрачните училишта, од следниве општини:

  • Општина Кочани
  • Општина Виница
  • Општина Зрновци
  • Општина Каменица
  • Општина Пробиштип

Секое училиште може да се пријави на конкурсот со само едно изработено дело.

Комисија составена од 3 члена од „ЕКО-ПАК ХИТ“ ДОО Кочани ќе ги разгледа изработените дела и ќе ги утврди наградените. Секоја од општините (поединечно) ќе ги добие следниве три награди:

  • Прва награда: донација во вредност од 5000 денари
  • Втора награда: донација во вредност од 3000 денари
  • Трета награда: донација во вредност од 2000 денари

 

Наградените дела остануваат во сопственост на ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани.

За подетални информации, обратете се на телефон: 077 501 761.

ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Пратете порака на ekopak_hit@yahoo.com со следниве информации:

Име на училиште

Општина

Лице за контакт

Телефон

 

Со почит,

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани