ОДБЕЛЕЖАН ЕКО ДЕНОТ НА ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ВИНИЦА

По повод 5 април, Еко ден на ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ од Виница компанијата „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани за потребите на училиштето донираше еден контејнер за собирање отпадна пластика.

 

 

ОУ „Гоце Делчев“ во рамките на општинската стратегија за примарна селекција на отпадот веќе поодамна спроведува низа едукативни, но и практични активности за стекнување навики кај учениците за селектирање на отпадот.  Програмата на ОУ „Гоце Делчев“ беше креирана како едно еко патување од кое се испратија куп пораки со единствена цел - Еко свеста да биде вградена во нашиот ментален склоп.