Соработка ЕКО-ПАК ХИТ и Општина Виница во 2013 година

Во организација на Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Еко-Пак Хит“ ДОО Кочани и Општина Виница одржана е акција за собирање на пластични амбалажи (ПЕТ). За собрани 30 пластични шишиња, учесниците добиваат подарок. Акцијата е одржана на 27 април 2013 година (сабота), во периодот од 10 часот до 15часот на следниве локации: плоштад “Ангел Винички“ - Виница и село Истибања. Во акцијата беа собрани над 1000 ПЕТ амбалажи, а учесниците во акцијата беа наградени со 200 маички и 70 платнени торби. „Еко-Пак Хит“ учествуваше со донација од 50 000.00 денари со испечатени маички, платнени торбички, кеси за собирање на отпадот, превоз на собраниот отпад до ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани, пресување на истиот и предавања на фирми за понатамошно рециклирање на ПЕТ амбалажата. „Еко-Пак Хит“ и Општина Виница и во наредниот период ќе продолжат со вакви акции и ги повикуваат сите заинтересирани ученици, студенти и граѓани да се приклучат на акциите, сите заедно да допринесеме за здрава и чиста животна средина.