Соработка ЕКО-ПАК ХИТ и Општина Виница во 2012 година

Согласно договорот склучен со Општина Виница компанијата за управување со пакување и отпад од пакување ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани донираше 3 контејнери на Општина Виница за разделно собирање на отпад од пакување. Се проценува дека донацијата е вредна 50 000,00 денари.

Со тоа Општина Виница ги направи првите чекори кон глобалната стратегија за здрава и чиста животна средина, а се очекува и подигнување на свеста кај граѓаните на Општина Виница за селектирање на отпадот.

 

 

 

Телевизија Кочани од Кочани со видео го проследи настанот.