Брендирани возила на ЈП Солидарност

ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани со нова донација продолжува со исполнување на основната мисија да биде ЧУВАР НА ВАШАТА ОКОЛИНА! Брендирани се три возила за собирање на отпад на ЈП „Солидарност“ од Виница.

Соработката со ЈП „Солидарност“ овозможува 60 тони отпад од пакување да заврши надвор од депонијата, односно да заврши на рециклирање. Коминтентите на „Еко – Пак Хит“ (производители и увозници – правни лица на територијата на Општина Виница) дадоа свој придонес во постапувањето со отпад од пакување. Задоволство е да се работи со Општината, ЈП и со сите правни лица. Секако овде најголем придонес даваат граѓаните.

Според градоначалникот Емил Дончев, потпишувањето на Меморандумот за соработка со „Еко – Пак Хит“ носи значајни резултати. ЈП Солидарност веќе почна со селектирање на опасен отпад (отпад батерии и акумулатори),а континуирано се работи на селектирање на пет-амбалажата. Брендираните возила би требало да ја подигнат свеста кај граѓаните за собирање и селектирање на отпадот.

 

Настанот медиумски беше проследен од страна на Радио Кочани, Комарец и Телевизија Кочани.