Изработка на подароци од хартија по повод 8ми Март во Основното Училиште Дедо Иљо Малешевски

ЕКО-ПАК ХИТ продолжува да работи во духот на донирањето.

Во склоп на програмата Биди модерен-селектирај паметно која ја организира и спроведува ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани и во знак на деловната соработка со Општина Берово преку ОУ Дедо Иљо Малешевски, ЕКО-ПАК ХИТ ДОО на ОУ Дедо Иљо Малешевски му додели хартија во боја. Учениците од ОУ Дедо Иљо Малешевски организираа акција и од хартијата изработија прекрасни подароци по повод 8ми Март, денот на жената.