Едукативна еко-работилница во ОЈУДГ Гоце Делчев - Виница

Во ОЈУДГ Гоце Делчев од Виница, во присуство на 88 деца распоредени во воспитната група на возраст од 5 до 6 години е одржана едукативна кампања на тема Биди модерен - селектирај паметно.

Во градинката, во присуство на децата од најголемата воспитна група одржани се по 2 часа, од кои на првиот час е одржана едукација преку презентирање на презентација под наслов Биди модерен-селектирај паметно, а на вториот час спроведена е интерактивна настава преку метод на дискусија и прикажување. Целта на часовите е да се едуцираат најмладите за поимот разделно собирање на отпадот од пакувањата, како и негово правилно селектирање. Дечињата треба да научат за правилното искористување на контејнерите во боја, а истовремено и дефинирање на процесот рециклирање, негов опис и значење. Дечињата се запознаваат со хартијата, пластиката, стаклото, металот и дрвото како видови материјали, нивен начин на добивање и заштедата која произлегува од нивното рециклирање.

 

 

По спроведените работилници, претставник од Компанијата „Еко-Пак Хит“ од Кочани ја посети детската градинка при што сите учесници во едукативната кампања беа почестени со производи од компанијата Макпрогрес од Виница. Дечињата од најголемата воспитна група во детската градинка беа наградени со Пофалници, а ОЈУДГ Гоце Делчев доби Благодарница за учество во едукативната програма.

Настанот медиумски беше покриен од страна на Комарец и Канал 8 Телевизија.