Едукативна еко - работилница одржана во ОУ Никола Карев

Во Основното Училиште Никола Карев од Кочани, во 10 паралелки од прво до четврто одделение, во присуство на 177 ученика, е одржана едукативна кампања на тема Биди модерен - селектирај паметно.

Во секоја паралелка одржани се по 2 часа, од кои на првиот час е одржана едукација преку презентирање на презентација под наслов Биди модерен-селектирај паметно, а на вториот час спроведена е интерактивна настава преку метод на дискусија и прикажување. Целта на часовите е да се едуцираат учениците за поимот разделно собирање на отпадот од пакувањата, како и негово правилно селектирање. Учениците треба да научат за правилното искористување на контејнерите во боја, а истовремено и дефинирање на процесот рециклирање, негов опис и значење. Учениците се запознаваат со хартијата, пластиката, стаклото, металот и дрвото како видови материјали, нивен начин на добивање и заштедата која произлегува од нивното рециклирање.

По спроведените работилници и акцијата за собирање на пластичен отпад, претставник од компанијата „Еко-Пак Хит“ од Кочани го посети ОУ „Никола Карев“ и на најуспешните одделенија во собирање на пластичен отпад им врачи донации. Беа доделени спортски реквизити - топки за одбојка, а сите ученици учесници во акцијата беа почестени со производи од компанијата Макпрогрес од Виница.

Настанот медиумски беше покриен од Радио Кочани, Комaрец и Телевизија Кочани.