Презентација за комуналните инспектори во Скопје

Во просториите на Скопски Саем на 07.06.2013 година се организираше едукативен семинар за имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

На семинарот говореа претставници од ЕКО-ПАК ХИТ, кои го презентираа работењето на компанијата и зборуваа за целите на Законот и негова успешна примена. На семинарот беа присутни членовите на Здружението на комуналните инспектори, кои се интересираа за поуспешна имплементација на Законот.

За имплементација на Законот зборуваше и Претседателот на здружението, како и негови членови, кои ја истакнаа потребата од активно вклучување на сите засегнати страни за доследно спроведување на целите на Законот.