Семинар за бизнис секторот во Општина Пробиштип

Во Општина Пробиштип на 23.04.2013 година се организираше едукативен семинар за имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

На семинарот говореше Биљана Митева, претставник од ЕКО-ПАК ХИТ, која зборуваше за целите на Законот и негова успешна примена. Г-ѓа Митева ја истакна важноста и потребата од ваков Закон, како и ангажираноста на Општината за целосна имплементација на истиот.

Претставникот од Општина Пробиштип говореше за инспекцискиот надзор, како и за надлежностите на Општината при спроведување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување.