Доделување награди по повод новогодишниот конкурс

Доделување на награди по повод новогодишниот конкурс на ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани за изработка на новогодишна елка од амбалажен отпад.

Комисија составена од 3 члена од „ЕКО-ПАК ХИТ“ ДОО Кочани ги разгледа изработените дела и ги утврди наградените. Наградите се:

  • Прва награда: донација во вредност од 5000 денари
  • Втора награда: донација во вредност од 3000 денари
  • Трета награда: донација во вредност од 2000 денари

 

 

При доделувањето на награди по повод новогодишниот конкурс на ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани за изработка на новогодишна елка од амбалажен отпад второто место го освои ОУ „Синиша Стоилов“ од Општина Зрновци. Училиштето беше наградено со принтер EPSON.