Донација во ОУ Малина Поп Иванова-Кочани

Компанијата за управување со пакување и отпад од пакување ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани, денес, 23 Декември 2014 година, го посети Основното Училиште Малина Поп Иванова од Кочани при што оствари две донации. Донираше пет канти за отпадоци кои ќе бидат поставени во училишниот двор. Во склоп на кампањата Биди модерен – селектирај паметно и како почеток на соработката со училиштето, која е од поширок интерес ја остваруваме оваа донација, која е одговор на барањето на ученичката заедница при училиштето за поставување на корпи за отпаден материјал. Со оваа донација очекуваме да придонесеме во правилно собирање на отпадниот материјал и со тоа полесно одржување на хигиената во дворот, кој е со површина од 9 000 м/2.

 

И годинава ЕКО-ПАК ХИТ не ги заборави децата со посебни образовни потреби при ОУ Малина Поп Иванова од Кочани. Ги посети со 17 новогодишни пакетчиња по повод престојните Новогодишни и Божиќни празници.

И медиумите беа присутни на настанот Радио Кочани, Комарец, Д1 Телевизија.